Нерешено е таман за најголемото дерби во историјата на европскиот фудбал

6794 Шведска – Словачка (ЕП, 15 часот)

И двете репрезентации одлично стартуваа во Е групата на Европското првенство и им одговара и реми за да ги задржат шансите за пласман во осминафиналето.

Шведска ремизираше без голови против првиот фаворит во групата, Шпанија иако победи денеска ќе биде речиси сигурен осминафиналист.

Словачка е во уште подобра ситуација по победата против Полска со 2:1. На Марек Хамшик и соиграчите и нерешен исход со Шведска нема да им биде лош исход за настап во нокаут фазата.

Интересно е што Швеѓаните никогаш не биле поразени во дуелите со Словачка, а ги има вкупно пет. Во квалификациите за Мундијалот во 2002 година беше 2:0 за Шведска и 0:0.

Имаат уште едно реми без голови, потоа одиграа и 1:1, а најубедливата победа на Швеѓаните е таа од 2017 година со 6:0 во пријателски меч.

Предлог тип: 1Х&2>1 (2.35)

 

6795 Хрватска – Чешка (ЕП, 18 часот)

Хрватите загубија од Англија и одиграа поскромно од квалитетот и рејтингот што го имаат. Светските вицешампиони упатија само еден удар кон голот на Џордан Пикфорд, што е невообичаено за нив.

Коцкестите имаат проблем да дадат гол, постигнаа само еден на последните три натпревари и ќе мораат да ја поправат ефикасноста ако сакаат да се надеваат на осминафинале.

Чешка забележа голема победа против Шкотска и со реми против Хрватска речиси сигурно ќе игра во втората фаза.

Хрватска е фаворит, но Чесите на премиерата во Глазгов покажаа дека знаат да играат фудбал и се одлична репрезентација.

Предлог тип: Х (3.30)

 

6796 Англија – Шкотска (ЕП, 21 часот)

Англија и Шкотска имаат долга традиција на меѓусебни дуели што почнаа во 1870 година со реми 1:1. Англија има вкупно 48 победи против Храбрите срца, 41 пат беше нерешено, а Шкотите имаат 25 триумфи.

Дуелите меѓу Англија и Шкотска се протегаат во три века и тоа е најголемото фудбалско ривалство во Европа со 114 натпревари досега.

Денеска Англија ќе има можност да игра на свој терен, на култниот „Вембли“ против ривал што им е најголем на Островот и против кого секоја победа има двојна вредност.

Шкотите не смеат да загубат, Англија може да оди во осминафиналето и со нерешен резултат, па некако „мириса“ на реми во големото британско дерби.

Предлог тип: Х (5.00)

 

2834 ХЈК Хелсинки – Илвес (ЕП, 17 часот)

Убедливо најтрофејната финска екипа, ХЈК сигурно гази на почетокот на првенството и најавува атак на 31-та титула. Имаат најмногу постигнати голови, најмалку примени голови, најмногу бодови, по 8 кола се уште се без пораз па и сега Хелсинки е прв фаворит.

Интересно е што Финците играат на Европското првенство, а кај нив непречено се игра и домашното првенство. Хелсинки има серија од шест победи, Илвес нанижа два порази и типуваме дека им следува и трет по ред.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

5716 Чиле – Боливија (Копа Америка, 23 часот)

Чилеанците се големи фаворити за победа против Боливија, селекција која е меѓу најслабите во Јужна Америка и не освоила трофеј од 1963 година.

За разлика од нив Чиле е меѓу најуспешните во последните десеттина години со две шампионски круни едноподруго, освоени во 2015 и во 2016 година.

И сега имаат добра генерација што може да изненади и да стаса далеку на Копа Америка. Во првото коло ремизираа со силната Аргентина и ако ја победат Боливија, која е аутсајдер во А групата ќе се доближат до целта да се пласират во следната фаза.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.42)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести