Шампионката од Ролан Гарос е во топ-форма, денеска ќе победи со 2:0 на Вимблдон

7283 Алјаж Бедене – Јошихито Нишиока (Вимблдон, 12 часот)

Бедене има многу интересна приказна, една од најнеобичните во светот на тенисот. Роден е во Љубљана и сега настапува за Словенија, откако две години  од 2015 до 2017 играше за Велика Британија.

ИТФ му го одби барањето да игра за Британците во Дејвис купот бидејќи претходно имаше три настапи за Словенија во ова натпреварување, а интересно е дека играше мечеви што не одлучуваа за конечниот исход.

Сепак, ИТФ не попушти и Бедене се врати и сега пак настапува како Словенец. Продолжи да живее во Англија, па на Вимблдон е како дома.

Против Нишиока е фаворит во нивниот прв меѓусебен меч во кариерите, но нема да му биде лесно против Јапонецот.

Нишиока во вистински трилер-меч што траеше над 3 часа го изненади Џон Иснер со победа од 3:2 во првото коло и тоа ќе му даде крилја да се обиде да го изненади и фаворизираниот Бедене.

Алјаж во првото коло славеше убедливо со 3:0 против Муте, но сега ќе има многу посилен и помотивиран ривал. Типуваме дека ќе има најмалку четири сета и повеќе од 38 гема во вкупниот збир.

Предлог тип: >38.5 гема (1.95)

 

7171 Андреа Петковиќ – Барбара Крејчикова (Вимблдон, 12 часот)

Крејчикова пристигна на Вимблдон по најголемиот успех и освоената титула во сингл на Ролан Гарос и е голема фаворитка против Петковиќ.

Чешката тенисерка е во извонредна форма, а веќе има еден пехар на овој гренслем, но во женски двојки освоен со Шинјакова во 2018 година.

Петковиќ во некои минати времиња веројатно би била и фаворитка денеска, но некогашната деветторангирана светска тенисерка е во залезот на кариерата и на 33-годишна возраст падна на 102-рото место на ВТА-листата.

Тревната подлога не ѝ е омилена, има најслаби резултати на Вимблдон со настап најдалеку во третата рунда од сите четири гренслема, далеку е од старата форма и типуваме дека ќе загуби без освоен сет против актуелната шампионка на Ролан Гарос.

Предлог тип: Точен резултат 0:2 (1.75)

 

5715 Јеонбук –  Тампинес (Азиска Лига на шампиони, 16 часот)

Јеонбук е двоен шампион на Азија и првата екипа од Источна Азија што ја има освоено Лигата на шампионите на овој континент. Во 2006 година беа најдобри во ЛШ, а подвигот го повторија десет години подоцна со уште еден пехар.

Клубот е и рекордер во Јужна Кореја со 8 шампионски круни, иако постои само 27 години, што ја демонстрира доминацијата на домашен план.

Тампинес има еднаков број титули во Сингапур, а постои од 1945 година. Се работи за еден од најбогатите клубови во Азија, но Роверс немаат успеси како Јеонбук и на овој меч се знае фаворитот.

Корејците имаат подобар тим и шанса со победа да направат чекор кон следната фаза во азиската Лига на шампиони. Мечот ќе се игра во Ташкент на неутрален терен, а и двете екипи немаат што да калкулираат, па ќе типуваме дека ќе има 4 или повеќе голови.

Предлог тип: 4+ (1.70)

 

5721 Нагоја – Рачабури (Азиска Лига на шампиони, 16 часот)

Нагоја е голем фаворит против ривалот од Тајланд, а Јапонците на досегашните три меча во Г групата не примија гол и дадоа 8 во трите кола, за разлика од Рачабури, екипа која прими 7 погодоци, а не постигна ниту еден.

Во минатото Нагоја како тренер ја предводеше Арсен Венгер, и тоа пред 25 години, кога во тимот играа и славните Гери Линекер и Драган Пикси Стојковиќ, кој потоа беше и тренер на клубот.

Во 2016 година на кормилото беше и нашиот поранешен селектор Бошко Ѓуровски, па јасно е дека Нагоја има многу поголемо фудбалско педигре од Рачабури.

Јапонците играат одлично во Г групата и се фаворити за првото место, што води директно во следната фаза и нема да им биде проблем да победат во Бангкок, каде што ќе бидат домаќини против тајландскиот клуб.

Предлог тип: 4+ (2.03)

 

3670 Левадија – Тамека (Естонија, 17 часот)

Левадија бие голема битка со Флора и со Паиде за шампионската титула во Естонија, што ја има освоено 9 пати. Клубот што за првпат играше во Првата лига во 1999 година и оттогаш никогаш не испаднал од лигата е голем фаворит против Тамека.

Гостите доаѓаат на „Ле Кок арената“ со црна серија од 10 меча без победа и се претпоследни. Против Левадија имаат уште полоша низа од 12 меча без победа, а патем домаќините со победа ќе останат на врвот на табелата.

Левадија е многу подобар тим од Тамека, игра на домашен терен и мора да победи за да ја задржи лидерската позиција, па ќе типуваме дека тоа ќе го стори во меч со најмалку четири погодоци.

Предлог тип: 4+ (1.51)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести