Време е за тениски маратони на Вимблдон

7196 Качанов – Корда (Вимблдон, 12 часот)

Победникот од овој меч ќе го забележи резултатот на кариерата на Вимблдон и за првпат ќе игра четвртфинале на престижниот гренслем во Лондон.

Досега и Качанов и Корда релативно лесно прескокнаа три пречки на турнирот, а сега ќе се обидат да ја продолжат победничката серија.

Ќе гледаме меч на двајца многу солидни сервери, што е многу важна карактеристика за турнир на трева. Качанов сервираше 36 аса, или во просек по 12 на меч, а Корда освои 28 поени директно од сервис, или малку под 10 на меч.

Ова ќе им биде и прв меѓусебен дуел што е многу значаен и носи пробив меѓу осумте најдобри на Вимблдон. Ќе типуваме дека ќе одиграат неизвесен и долг меч со над 40 гема во четири или пет сета.

Предлог тип: >40,5 гема (1.90)

 

7197 Шаповалов – Баутиста Агут (Вимблдон, 13.30 часот)

И двајцата тенисери прегрмеа неочекувано тешки мечеви против многу послабо рангирани тенисери, па сега имаат одлична шанса за четвртфинале.

Дебис Шаповалов почна со маратонски меч против Филип Колшрајбер, но се извлече во пет сета, а потоа без борба го доби дуелот со Андухар и го декласира Енди Мареј со 3:0.

Баутиста Агут го скроти Милман во првото коло и потоа за малку избегна да направи „од готово вересија“ против Кецмановиќ. Шпанецот водеше со 2:0, па потоа дури во петтиот сет обезбеди пласман понатаму. Со Германецот Копфер беше сигурен и сега го чека дуел со Шаповалов, прв меѓусебен во кариерата против Канаѓанецот.

Шаповалов е подобар сервер, Баутиста ќе се обиде да го скроти силниот ривал со подолга размена на удари, со брзината и со искуство, па некако личи дека во два различни стила на игра ќе гледаме уште еден исклучително интересен и неизвесен меч.

Предлог тип: >40.5 гемови (1.95)

 

2607 Ѓургарден – Оребро (Шведска, 19 часот)

Ѓургарден има амбиции да ја врати титулата и ако го победи последнопласираниот Оребро, ќе ја преземе лидерската позиција од актуелниот првак Малме.

Тимот со над столетна фудбалска традиција е со огромен рејтинг во шведскиот фудбал и ќе се обиде да ја освои 13-тата шампионска круна. Имаат интересен тандем на клупата, па тимот заедно го водат Ким Бегстранд и Томас Лагерлоф.

Дуото засега добро кормилари и Ѓургарден има само еден пораз во стартните 8 натпревари. Оребро доаѓа во Стокхолм со серија од четири порази и речиси сигурно ќе го забележи и петтиот бидејќи домаќините имаат многу подобар тим.

На последните пет меѓусебни натпревари секогаш имаше 3+, па нашиот избор е 1&3+.

Предлог тип: 1&3+ (1.89)

 

2608 Гетеборг – Елфсборг (Шведска, 19 часот)

Гетеборг има чудна серија од пет нерешени дуели и вкупно шест на 8 меча што досега ги одигра во новото првенство. Вториот најтрофеен клуб во Шведска со 18 титули има големи амбиции, но стартот е скромен само со 9 бода во осум кола.

Во преодниот рок неодамна ги купија Маркус Берг и Оскар Вендт, двајца искусни ветерани, кои прават камбек по долгата и успешна интеранционална кариера.

Берг ќе биде особено големо засилување за Гетеборг, а играше и за Шведска на Европското првенство што е во тек. Денеска тој нема да настапи, но се очекува Вендт пак да биде стартер по 15 години во тимот на Гетеборг, па домаќините ќе се обидат да го победат ланскиот вицешампион Елфсборг.

Дуелите на овие две екипи се исклучително неизвесни и тврди, со малку голови во последно време и ќе типуваме дека Гетеборг нема да загуби во меч со најмногу три гола.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.87)

 

2836 Кристијансунд – Бран (Норвешка, 19 часот)

Бран е во голема криза и како еден од најстарите клубови во Норвешка основан пред 112 години е последен по 11 одиграни натпревари со само пет бода.

За разлика од трикратниот норвешки првак, Кристијансунд има многу скромна фудбалска традиција и е формиран пред 17 години. Од 2017 година во континуитет петта сезона по ред се прволигаши и не им оди лошо.

Не биле под седмото место, што е успех за тазе фудбалски клуб, а како што играат и оваа сезона, на добар пат се да ја задржат серијата и пак да бидат во горниот дом.

Моментно се на четвртото место со 17 бода и ако победат против Бран, ќе се израмнат со третопласираната Волеренга, и тоа со меч помалку.

Бран прима многу голови, Кристијансунд игра исклучително цврсто, па нашиот избор е дека домаќните нема да загубат во натпревар со најмногу три гола.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.82)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести