Македонија ќе треба да ѝ плати казна од 10.000 евра на УЕФА

Македонската фудбалска федерација (ФФМ) ќе треба да и плати 10.000 евра на Европската фудбалска куќа (УЕФА) поради кршење на протоколите што беа воспоставени за време на Европското првенство како заштита од корона-вирусот. Од УЕФА не објаснија поради кој прекршок е казната за ФФМ, но стои дека се работи за кршење на кодексот.

Според извештајот на УЕФА, Македонија казната ќе треба да ја плати во рок од 90 дена, почнувајќи од 10 јули.

Македонија за првпат беше дел од едно големо натпреварување. Нашата репрезентација беше во група со Австрија (пораз 1:3), Украина (пораз 1:2) и Холандија (пораз 0:3).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести