Кога си експерт за фудбал и за тенис, лесно е да добиеш 150.000 денари во Sport Life

Европското првенство во фудбал кое беше историско за Македонија како прв настап на големо натпреварување, траеше од 11 јуни до 11 јули, период во кој Sport Life ја имаше акциската понуда „Експерт за типување“. Во едномесечното натпреварување, се бараше експертот кој ќе има најмногу добитни тикети, а да има барем шест пара со коефициент од минимум 1.50. На крајот, титулата Експерт за типување во Sport Life му припадна на Кристијан Климевски.

ЗА ВРЕМЕ НА ЕВРОПСКО ВО ФУДБАЛ ИГРАЛ „ИКС“ НА ПОЛУВРЕМЕ, А НАЈМНОГУ ДОБИВАЛ НА ТЕНИСКИОТ ВИМБЛДОН

Момчето кое е од Битола во предвидениот период имаше добитни тикети во девет различни дена и со тоа го освои првото место пред Здравко Наумчески со осум добитни тикети и Игор Бобевски кој имаше шест добитни тикети. Климевски вели дека е редовен играч во Sport Life, а оваа игра му била посебен предизвик затоа што била во период на ЕП во фудбал, но и во период кога се играше Вимблдон.

Ги следев мечевите од Европското првенство и мислев дека Белгија ќе биде европски првак. Се обложував и на Италија затоа што играа добро. Сепак, главниот адут за моите добитни тикети беше кога започна тенискиот Гренд слем Вимблдон. Следам тенис и доста тикети играв на кои имаше тениски парови. Тие ми донесоа неколку добитни тикети. Од фудбалските мечеви на ЕП, тактиката ми беше да играм дека на полувреме ќе биде нерешено. Уште од претходните големи натпреварувања имав забележано дека голем дел од натпреварите на полувреме се нерешено, па тоа беше дел од мојата тактика“, открива Кристијан.

ЕКСПЕРТОТ ИМА ВАЖЕН СОВЕТ ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ИГРААТ ВО SPORT LIFE

Експертот Кристијан вели дека постојано ги игра сите акциски игри и дека најважно за да се биде во трка за добивките е да се следат сите правила кои се за играта. Битолчанецот вели дека секој ден уплаќал и така бил постојано во трка за добивка.

Редовен играч сум во Sport Life и посебно ги следам сите акциски игри кои ги нудат. Најважно за сите е добро да ги прочитаат правилата и да се следат инструкциите. Така има поголема шанса за добивка. Мојата тактика беше едноставна. Да составувам тикети на кои ќе има минимум шест меча кои имаат над 1.50 коефициент. Тоа го правев секој ден во предвидениот период. Немав некоја голема добивка и на деветте тикети заработив вкупно околу 20.000 денари, но првичната цел ми беше да бидам најдобар во оваа игра“, објаснува експертот Климевски кој го доби чекот од 150.000 денари наменет за најдобриот.

ТАТКО МУ БИЛ ТИПСТЕР ШАМПИОН И ОСВОИЛ ПЕЖО, А ЕДЕН ГОЛ ФАЛЕЛО ДА ОСВОЈАТ И МИЛИОН ДЕНАРИ

Кристијан признава дека голема помош во типувањето има и од неговиот татко Тоде. Тие двајца се вистински тандем за обложување. Синот не крие дека Тоде со неговите совети имал голем удел и во создавањето на деветте добитни тикети посебно со неговото познавање на тенисот.

Освен што сега Кристијан е Експрт за типување, неговиот татко Тоде пред неколку години бил Типстер на сезоната. Двајцата се обложуваат на комплетната понуда во Sport Life, без разлика дали е тоа фудбал, тенис, кошарка, ракомет, хокеј, одбојка, па дури и на видео игрите како што е Кантер страјк.

Со години играме во Sport Life, а татко ми Тоде во сезоната 2015/16 стана Типстер на сезоната и го освои автомобилот Пежо. Јас за еден гол не успеав да освојам еден милион денари. Се сеќавам дека Сент Паули од втората германска лига ме зезна и тоа беше првиот меч на тикетот. Во такви ситуации најчесто го препишувам тикетот кој имаше преку 20 пара, но тогаш не го уплатив повторно и згрешив. Но, како што велам, тоа едноставно не биле пари за мене“, раскажува Кристијан кој на еден тикет најмногу има освоено 80.000 денари.

Битолчанецот најмногу сака да игра на средби од англиската Премиер лига каде се натпреварува и неговиот омилен тим, Челзи, а кога „брка голови“, омилено му е холандското првенство. На крајот Кристијан порача дека сите кои играат со Sport Life картичката имаат шанси да бидат дел од добитниците во акциските игри кои постојано ги прави Sport Life.

ЗДРАВКО ЗА ЕДЕН ТИКЕТ НЕ СТИГНА ДО ПРВОТО МЕСТО

На второто место во Експерт за типување заврши Здравко Наумчески кој имаше осум погодени тикети. Доколку Здравко стигнеше до девет погодени ливчиња, ќе беше прв затоа што вкупниот коефициент на погодени мечеви му беше поголем од Кристијан.

Наумчески кој ќе се задоволи со второто место и одличните 60.000 денари, во декември 2020 година бил Типстер на месецот во Sport Life.

ИГОР СО ШЕСТ ПОГОДОЦИ ДО ТРЕТОТО МЕСТО

Игор Бобевски и ште двајца обложувачи имаа по шест погодени тикети, но Бобевски е трет затоа што имаше најдобар вкупен коефициент од сите тројца со по шест добитни тикети. За третото место во оваа игра, Игор си доби 30.000 денари. Сите тројца најдобри Експерти, за сувенир си добија и оригинал дресови од македонската фудбалска репрезентација.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН НА НАЈДОБРИТЕ 10 ВО АКЦИСКАТА ИГРА „ЕКСПЕРТ ЗА ТИПУВАЊЕ“ ВО SPORT LIFE

- Оглас -

Најнови вести