Барселона со 2:0 го победи Реал Мадрид и на најдобар можен начин стигна до 29-тата шампионска титула во шпанското првенство. На три кола до крајот, каталонскиот гигант има огромни 14 бодови пред вечниот ривал Реал Мадрид и потврди дека на доминантен начин ја одбрани титулата во домашниот шампионат.
Славјето на „Камп ноу“ беше најавено уште во првите 20 минута минути од Ел Класико. Најпрво во деветата минута Маркус Рашфорд постигна спектакуларен гол од слободен удар за водство од 1:0 и тој погодок може да го видите ТУКА.
Веќе во 18 минута беше 2:0 за Барселона, откако по одлично изведената акција, Дани Олмо асистираше, а Феран Торес го матираше Тибо Куртоа. Реал Мадрид уште во тие моменти беше нокаутиран и гостите останаа немоќно да бидат декор на фиестата на Барселона.
Ова е прв пат Барселона да се израдува на титулата по победа над Реал Мадрид. Со оваа победа Барселона стигна до 106 победа во дуелите со Реал Мадрид и сега целосно се израмни со Кралевите кои имаат исто така 106 победи во Ел Класико. Има и 52 нерешени дуели.

