Арсенал се изнамачи, но на крајот победи минимално со 1:0 на гости кај Вест хем во меч од 36 коло на Премиер лигата. Со оваа победа Арсенал стигна до 79 бодови и сега има пет бодови повеќе од Манчестер сити кој има и меч плус за играње.
Дуелот на стадионот на Вест хем беше решен во 83 минута кога Тросар погоди за Топчиите. Во финишот, односно во 90+4 минута Вест хем даде гол, кој подоцна беше поништен поради фаул над голманот на Арсенал.
Според многумина, токму оваа ВАР одлука да биде поништен погодокот на Чеканите, може да биде клучна за тоа Арсенал на крајот да ја освои титулата. Целата ситуација со ВАР системот и поништениот гол на Вест хем може да ја видите ТУКА.
До крајот на првенството во Премиер лигата Арсенал ќе игра дома против Барнли, а во последното коло ќе гостува кај Кристал палас.

