Барселона води со 2:0 против Реал Мадрид по првото полувреме на Ел Класико кое се игра на „Камп ноу“. Како и секое дерби меѓу најпопуларните два клуба во светот, головите не фалат. Шоуто започна во деветата минута кога беше досуден фаул за Барселона, а Маркус Рашфорд реши да шутира директно во голот и постигна спектакуларен погодок, кој може да го видите ТУКА.
Веќе во 18 минута, Барселона водеше со 2:0. Овојпат Дани Олмо асистираше, а на Феран Торес му остана полесната задача и ја затресе мрежата на Тибо Куртоа.
FC Barcelona [2] – 0 Real Madrid – Ferran Torres 18′
by
u/oklolzzzzs in
Barca
До крајот на првото полувреме, Реал Мадрид имаше две добир шанси да постигне погодок и да ја намали предноста на противникот, но и Барселона имаше две шанси за да ја зголеми предноста.
Доколку Барселона во второто полувреме ја задржи предноста, па дури и да биде нерешено, каталонскиот гигант и официјално ќе ја одбрани титулата во шпанското првенство. Тоа би било прв пат во историјата Барселона да се радува на трофејот во првенството по меч одигран против вечниот ривал.

