3132 Војводина – Партизан (21 ч.)
Во првото коло од српското првенство Војводина успеа да остане непоразена на теренот на шампионот Црвена ѕвезда и одигра 0:0. Сега дома играат со вториот голем ривал, Партизан, кој стартуваше со убедлив триумф од 4:0 на гости кај Пролетер.
Полни со самодоверба, но со фактот дека Војводина на свој терен се радувала против Партизан на пет од последните седум меча, тимот од Нови Сад сигурно ќе атакува на трите бода.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.40)
1606 Брондби – Виборг (18 ч.)
Дуел на два тима кои се во одличен ритам. Брондби нема пораз на последните осум меча (пет победи и три реми), а Виборг нема загубено девет дуели (шест победи и три реми). Тоа што е карактеристично за дуелите на овие ривали е дека последните седум пат, постојано победувал гостинот.
Дури ако се погледне и малку повеќе во историјата, вкупно последните 12 средби домаќинот нема радост (осум победи на гостите и четири нерешени). Последен дома се радувал Брондби во 2007 година со 3:1. Овојпат треба да биде срушена оваа лоша традиција за домаќините.
Предлог тип: 1 (2.05) – Квота од Супер типот во Sport Life
2436 ФЦСБ – Универзитатет Крајова (20:30 ч)
Двата романски тима кои се дел од Конференциската лига на УЕФА, ќе играат во второто коло од домашниот шампионат. Минатата сезона овие два тима одиграа четири меча и сите четири беа неатрактивни и завршија со 0-2 гола.
И сега ништо посебно не е сменето во стилот на игра на двата тима, па чудо би било да има голеада. Домаќините имаат малку поголеми шанси за победа, но сепак, најдобро е да се одигра дена ќе биде неатрактивен меч.
Предлог тип: 0-1 I 0-2 II (1.58)
3207 ЦСКА Москва – Уфа (19 ч.)
ЦСКА имаше успешен подготвителен период со пет победи во шест меча, па сигурно домаќините очекуваат победа во првото коло на руското првенство. Одбраната е најдобриот дел на ЦСКА, а тоа најдобро го знае и тимот на Уфа затоа што во последните пет меча со гигантот од Москва, гостите успеале да дадат само еден гол.
Во последните 14 меча на овие два тима, ЦСКА има осум победи, а шест пати одиграле нерешено, а Уфа нема ниеден триумф.
Предлог тип: 1&0-3 (2.25)
3172 Марибор – Домжале (20:15 ч.)
Кога играат овие два тима, головите се гаранција. На девет од последните 10 меѓусебни дуели, двата тима постигнувале барем по еден погодок, а дури осум пати било ГГ3+. Марибор игра дома и тоа треба да биде предност, но Домжале во последните три меча два пати се радувал, а еднаш одигра нерешено со овој ривал.
Предлог тип: ГГ3+ (2.12)

