Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, е подготвен да остане во клубот и во следната сезона, дури и со намалена плата, пишува „Кориере дело Спорт“.
Аргентинецот има договор што истекува, но е подготвен да преговара за нова соработка. Во моментов заработува 8 милиони евра нето плус бонуси, сума која сега е недостижна за Рома, со оглед дека клубот одлучи да ги намали трошоците.
Единствениот начин Дибала да го продолжи договорот е да се согласи на плата од околу 2,5 милиони евра плус бонуси.
Дибала, и покрај тоа верува дека Рим е идеално место каде што може да ја заврши својата кариера, тврди „Кориере дело Спорт“.

