Капитенот не го напушта Интер: Лаутаро Мартинес останува на „Меаца“

Капитанот на новиот италијански шампион Интер, Лаутаро Мартинес, категорично ги отфрли сите шпекулации за негово заминување од „Џузепе Меаца“, истакнувајќи дека нема намера да поттикнува интерес од други клубови.

Аргентинскиот напаѓач останува целосно посветен на Интер, и покрај тоа што редовно се поврзува со трансфери во најголемите европски клубови.

28-годишниот фудбалер е клучна фигура во актуелниот проект на миланскиот клуб и јасно порача дека не размислува за промена на средината.

„Верeн сум на проектот на Интер. Тука се чувствувам како дома“, изјави Лаутаро Мартинес за италијанските медиуми.

„Моето семејство е среќно, имаме ресторан во градот и го сакаме Милано. Од првиот ден сите се однесуваа кон мене на начин кој не очекував дека е возможен. Постигнав многу лични и тимски цели тука“, додаде напаѓачот.

Од доаѓањето во Интер во 2018 година, Лаутаро Мартинес има постигнато 173 гола на 372 натпревари за клубот.

- Оглас -

Најнови вести