Ливерпул и Челзи одиграа 1-1 во воведниот меч од 36-тото коло во Премиер лигата.
Челзи пристигна во Ливерпул по шест последователни порази во шампионатот, но токму на еден од најтешките терени во Англија успеа да ја прекине црната серија. По Тотенхем на Игор Тудор, кој пред еден месец се „разбуди“ на „Енфилд“, сега и „Сините од Лондон дојдоа до позитивен резултат на истиот стадион, иако бодот не им менува многу во трката за Лигата на шампионите.
Домашните отворија моќно. Гравенберх испрати вистински проектил од далечина и донесе водство за Ливерпул. Сепак, Челзи брзо се врати во игра преку Енцо Фернандес, кој со итро изведен скратен корнер целосно го изненади Мамардашвили.
Гостите дури успеаја и повторно да ја затресат мрежата на стартот од второто полувреме, но погодокот беше поништен поради офсајд на Палмер. И Ливерпул создаде неколку опасни ситуации до крајот, но резултатот не се промени, па дуелот заврши без победник, 1-1.

