Прогнозерите нудат тикет од седум меча, со четири двознаци и вкупна квота од 83

Вкупно 18 прогнозери се со максимални пет погодоци по вчерашните мечеви од шестото коло на Спортска прогноза и остануваат во трка за освојување на Ајфон 12. За добивање на прекрасниот мобилен телефон потребно е да се погоди Среќна 13-ка.

Денеска на програмата има седум натпревари од понудата на Спортска прогноза, а според типувањата, треба да има повеќе неизвесни средби. Мајорка дома игра со Осасуна од 14 часот, а 53 отсто од прогнозерите веруваат во победа на домаќините, а речиси 40 отсто се за нерешено.

Според прогнозите, можно е да има многу нерешени средби. На Троа – Анже, дури 56 отсто веруваат во нерешено, а најголем процент за „икс“ (46 отсто) има и за дуелот Емполи – Болоња. Во победа на Емполи веруваат едвај 19 отсто, па најреално е гостите да не загубат.

Фиорентина има 46 отсто шанси да го победи Удинезе на гости, додека речиси 42 отсто се за нерешено, па реално и тука најдобро е да се одигра на двознак „Х2“. Штутгарт треба да се радува на гости кај Бохум, затоа што за „двојка“ се 69 отсто од преку 2.000 играчи на Спортска прогноза во ова коло.

По 35 отсто се шансите за Арсенал да го победи Тотенхем, но и да биде нерешено. Во гостите веруваат 28 отсто. Во второто големо градско дерби, Лацио игра со Рома, а 47 отсто се за нерешено. Рома има поголеми шанси за радост, барем така веруваат 31 отсто, додека нешто над 20 отсто се за победа на Лацио.

Ако ги одиграте сите седум меча, со четири двознаци, според процентите од типувањата на прогнозерите, ќе добиете одличен коефициент од 83.81.

ТИКЕТ СПОРЕД ТИПУВАЊАТА НА ПРОГНОЗЕРИТЕ

1305 Мајорка – Осасуна                    1     2.85

1707 Троа – Анже                                Х     3.10

3006 Емполи – Болоња                     Х2    1.50

3007 Удинезе – Фиорентина            Х2    1.38

1808 Бохум – Штутгарт                      2     2.25

1009 Арсенал – Тотенхем                1Х     1.34

3008 Лацио – Рома                             Х2    1.52

———————————————————————————

Вкупен коефициент                                 83.81

 

- Оглас -

Најнови вести