6008 Милан – Атлетико Мадрид (21 ч.)
Кога во 2014 година Милан двапати загуби од Атлетико во четвртфиналето од ЛШ, Росонерите не можеа да замислат дека седум години ќе чекаат за повторно да играат во елитното друштво. Во првиот меч Милан загуби на гости кај Ливерпул со 3:2, но покажа дека има квалитет да биде меѓу најдобрите.
Атлетико Мадрид не е во добра форма, па има само две победи во последните шест меча во сите натпреварувања. Одбраната на Јорганџиите станува ранлива и тоа треба да е дополнителен мотив за Милан.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.94)
6006 Лајпциг – Бриж (21 ч.)
Овие две екипи се аутсајдери во групата во која се и Манчестер сити и Пари Сен Жермен. Сепак, Бриж успеа во првото коло да остане непоразен со ПСЖ, додека Лајпциг го одигра најефикасниот меч, но загуби со 6:3 во Манчестер.
Германскиот тим е во улога на фаворит, а дека формата е во нагорна линија покажа убедливиот триумф над Херта од 6:0. Ако се знае дека и Бриж сака да игра отворено, може да се очекуваат погодоци на двете страни, но на крајот да се радуваат домаќините.
Предлог тип: ГГ3+ (2.04)
6004 Борусија Д. – Спортинг (21 ч.)
Германскиот тим треба да е главен фаворит за првото место во групата во која се уште и Бешикташ и Ајакс. Спортинг во првото коло се посрамоти и дома загуби со 1:5 од Ајакс, додека Борусија славеше на гости во Истанбул против Бешикташ.
Овие екипи играа пред пет години во групната фаза од ЛШ, а Милионерите двапати се радувале, а така треба да биде и сега. Борусија на девет од последните 10 средби одигра барем со три погодоци, а тоа што е карактеристично за Борусија е дека на последните 25 дуели во сите натпреварувања нема ниедно реми (17 победи и 8 порази). Последен пат одигра нерешено на 20 март оваа година.
Предлог тип: 1&3+ (1.94)
1601 Шахтар – Интер (18:45 ч.)
Со поразот на гости кај Шериф, екипата на Шахтар покажа дека нема квалитет да се бори за едно од првите две места во групата. Интер киксна дома со Реал и сега мора да го „коригира“ тој пораз, а ова е идеална шанса за такво нешто. Минатата година одиграа три меча, а Интер убедливо со 5:0 победи во Лигата на Европа, додека во Лигата на шампионите двата дуели завршија без погодоци.
Предлог тип: 2 (1.72) – коефициент од Супер тип
1026 Чарлтон – Болтон (20:45 ч.)
Освен мечевите во ЛШ, вечерва се играат многу дуели и во англиските лиги. Чарлтон и Болтон играат за првпат по речиси пет години, но ако се погледне традицијата, ова треба да биде интересен меч. На осум од последните 10 меѓусебни средби, двата тима постигнувале барем по еден гол.
Чарлтон лошо ја почна сезоната и едноставно ќе мора да освојува бодови на свој терен, но Болтон не е тим кој лесно ќе се откаже од трите бода на овој меч.
Предлог тип: 1+I&3+ (2.19)

