Жолтата подморница повторно ќе исплови без пораз од „Олд Трафорд“

6009 Аталанта – Јанг бојс (Лига на шампиони, 18.45 часот)

Јанг бојс доаѓа во Бергамо со одлична серија од 10 меча без пораз во сите конкуренции и охрабрени по големиот триумф во првото коло во Лигата на шампионите.

Швајцарците приредија подвиг со пресврт и победа против Манчестер јунајтед, но сега се аутсадјери, иако се во опасен ритам.

Хендикеп ќе им биде неиграњето на Кристијан Фашнахт, играч што е многу значаен за Јанг бојс. Гостите имаат брзи напаѓачи, а големи адути им се расположените стрелци Нгамелу, Сибачо и Елија.

Аталанта ќе игра без Мјуриел и без Хатебур, но и без нив е голем фаворит во Бергамо. Ќе типуваме дека домаќините ќе победат, но и со гол(ови) на гостинската екипа.

Предлог тип: 1&ГГ (2.85)

 

6010 Зенит – Малме (Лига на шампиони, 18.45 часот)

Ова ќе биде прв дуел во еврокуповите меѓу Зенит и Малме и еден од двата дуели што веројатно ќе одлучуваат која екипа ќе продолжи во Лигата на Европа.

Јувентус и Челзи се големи фаворити за првите две места во Х групата и тоа го потврдија со победи во првото коло против аутсајдерите Малме и Зенит.

Рускиот клуб солидно му парираше на европскиот првак Челзи и загуби минимално со 0:1, за разлика од Малме, кој беше декласиран од Јувентус за едно полувреме и загуби со 0:3.

Зенит има и покомотна ситуација во домашното првенство и е лидер, за разлика од Малме, кој го дели второто место со АИК, зад Ѓургарден.

И двете екипи немаат што да бранат, имаа многу солидни напаѓачи и се очекуваат голови од Азмун, Ѕјуба, Малком, Чолак, Бирманчевиќ.

За Малме игра и новопечениот македонски репрезентативец Ердал Ракип, кој веројатно ќе дебитира за нашата А селекција против Лихтенштајн на 8 октомври.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.30)

 

6012 Баерн Минхен – Динамо Киев (Лига на шампиони, 21 часот)

Двете екипи имаат богата историја на меѓусебни мечеви во еврокуповите, особено во КЕШ и во ЛШ, но не играле од 2000 година, кога Динамо го изненади и го победи Баерн со 2:0 во Киев.

Тој меч се играше во последното коло од фазата по групи, па и покрај победата на домашниот тим, украинскиот првак поради полош меѓусебен скор со Реал Мадрид испадна, а Баерн беше секако прв на табелата во Ц групата.

Сега повторно се во иста група и Баерн е апсолутен фаворит за победа. Баварците се вистински „строј“ за голови со кој командува Златната копачка на Европа, Роберт Левандовски.

Домаќините имаат серија од 8 победи по ред во која постигнаа дури 40 гола, или по пет во просек. Динамо ќе се обиде да се одбрани, но во моментов лек за офанзивниот фудбал на екстра квалитетниот тим на Баерн тешко дека ќе најдат.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.67)

 

6013 Волфсбург – Севилја (Лига на шампиони, 21 часот)

Интересно беше првото коло во Г групата, која е една од најизедначените во Лигата на шампионите и ниту еден тим не победи. Волфсбург, Севилја, Лил и Салцбург ќе бијат голема битка за двете први места, па овде секој бод ќе вреди двојно.

Севилја има многу поголемо искуство и успех во европските купови од Волфсбург, па гостите, кои се рекордери со пет пехари во Лигата на Европа, се фаворити вечерва на „Фолксваген арената“, во меч од Лигата на шампионите.

Сепак, против германска екипа, особено на гости, никој не може да биде сигурен во победа. Волците имаат одличен тим што може да ѝ парира на Севилја, па некако повторно мириса на реми во интересната Г група во Лигата на шампионите.

Предлог тип: Х (3.20)

 

6016 Манчестер јунајтед – Вилјареал (Лига на шампиони, 21 часот)

Ова ќе биде реприза на финалето во Лигата на Европа што годинава се играше во Гдањск и заврши со победа на пенали за Вилјареал. Во регуларниот дел беше 1:1, резултат што им прилега на дуелите меѓу Манчестер и Вилјареал.

Двете екипи досега одиграа пет натпревари во еврокуповите и сите завршија нерешено, првите четири без голови. Во Гдањск приказната имаше среќен крај за Вилјареал, екипа што победи по долга серија од 11 пенали, а со утка го реши голманот на Јунајтед, Де Хеа.

Сега Ѓаволите очекуваат реванш и конечно прва победа во шестиот европски меч против Жолтата подморница, но немаат голема подлога за оптимизам. Загубија дома од Астон вила во англиското првенство, додека Вилјареал одигра реми без голови против Реал во Мадрид, па мозаикот некако повторно влече кон нерешен резултат на „Олд Трафорд“.

Предлог тип: Х (4.45)

 

 

- Оглас -

Најнови вести