Комо сака да го „украде“ италијанскиот репрезентативец од Јувентус

Комо е најпријатното изненадување во италијанската Серија А сезонава. На две кола до крајот, Комо е на шестото место на табелата и има реални шанси дури да се бори за четвртото место на крајот, затоа што заостанува само два бода зад четвртопласираниот Милан.

Во Комо веќе размислуваат за засилувања за новата сезона, а прв на листата е Андреа Камбијасо од Јувентус. Тимот предводен од тренерот Сеск Фабрегас има потреба од повеќе домашни играчи за да ги исполни прописите на УЕФА, пишува „Газета дело спорт“.

Според актуелната ситуација на табелата, Комо може да се избори следната сезона да игра во Лигата на шампионите, Лигата на Европа или Конференциска лига. Правилата на УЕФА наведуваат дека тимовите можат да имаат до 25-мина играчи на својата „А“ листа, а најмалку осум од нив мора да бидат домашни.

Италијанскиот репрезентативец е стандарден играч во тимот на Јувентус под водство на Лучано Спалети и досега немало најави за заминување на Камбијасо од тимот на Торино.

- Оглас -

Најнови вести