Роналдо веќе запиша петка, денеска чека нова со триумф против Евертон

1606 Манчестер јунајтед – Евертон (Премиерлига, Англија, 13.30 часот)

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на спектакуларен начин и веќе постигна пет гола на пет меча што ги одигра за Црвените ѓаволи во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

Токму Портуфалецот беше стрелец против Евертон за победа од 1:0 на 31. јануари во 2009 година во последниот дуел што го играше за Маанчестер јунајтед против популарните Карамели во првата авантура на „Олд Трафорд“.

Сега го испишува вториот чин на „Олд Трафорд“, а денеска го чека петтиот гол за Јунајтед во дуелите со Евертон.

Гостите имаат скромен биланс на „Олд Трафорд“ со само една победа на последните 7 гостувања. Денеска ќе им биде особено тешко без двете главни ѕвезди во тимот Калверт-Луин и Ришарлисон. Нема да играат и Гомес, Колман и Делф, а неизвесен е и настапот на Ивоби и на првиот голман Пикфорд.

Тоа е чиста ситуација за победа на Манчестер јунајтед, кој ќе игра без Мегваер, Рашфорд и веројатно и Шо.

Предлог тип: 1 (1.67) Супер тип на Sport LIfe

 

1003 Челзи – Саутемптон (Премиерлига, Англија, 16 часот)

Челзи разочара со играта што ја прикажа против Јувентус во Лигата на шампионите и поразот од 1:0 е логичен според развојот на настаните и само едниот удар што гостите од Лондон го упатија кон голот на Старата дама.

Сепак Саутемптон е поинаков калибар на екипа од Јувентус, има послаб тим и европскиот првак има шанса за рехабилитација со петта победа во Премиерлигата.

Челзи има многу посилен тим од гостите, иако против Саутемптон нема многу успех на последните пет меча и победи само еднаш.

Сезонава конкуренцијата за титулата во Премиерлигата е многу поголема и позиедначена па победите против послабите тимови се императив.

Челзи е фаворит и типувема дека ќе победи, но и дека ќе прими барем еден гол од Светците кои им ја тресеа мрежата на последните четири меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1&ГГ (3.70)

 

1806 Лајпциг – Бохум (Бундеслига, Германија, 18.30 часот)

Лани Лајпциг прими само 32 гола во Бунделсигата како единствен тим со просек подеден погодок и ја имаше најдобрата одбрана, а сезонава е сосема спротивно.

Си замина Упамекано и дефанзивата што го красеше Лајпциг се претвори во проблем. Само на два меча во Лигата на шампионите Биковите примија дури 8 гола со два порази, а и во Бундеслигата почнаа скромно со 7 примени гола и со 7 бода во втората половина на табелата.

Сепак дека не заборавиле да играат покажаа во претходното коло во германското првенство кога ја декласираа Херта со 6:0. И сега им доаѓа на гости тим со сличен калибар, дури и послаб, па се очекува нова голеада на „Ред Бул арена“.

Предлог тип: 2+I&4+ (2.85)

 

3004 Сасуоло – Интер (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Сасуоло и Интер одиграа неколку атрактивни мечеви во последно време, а особено добри беа двата дуели од прекланското првенство во Серија А со вкупно 13 гола.

Едниот заврши нерешено 3:3, а претходниот со победа на Интер од 4:3 како гостин. Нероаѕурите играат сосема различно на два фронта и се горопадни во Италија, но и скромни во Лигата на шампионите.

Токму на дуел во ЛШ во вторникот против Шахтар се појавија и првите проблеми во тимот, а ги направија Един Џеко и Марсело Брозовиќ, незадоволни што беа заменети по само 10 минути игра во второто полувреме.

Колку тоа ќе се одрази на играта на Интер ќе покаже првиот тест, против Сасуоло денеска во меч од 7. коло во Серија А. Интер има одлична офанзива, дел што е појак и кај Сасуоло па ќе типуваме дека ќе има голови на „Чита дел Триколоре“ во Реџо Емилија.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.82)

 

1305 Атлетико Мадрид – Барселона (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Лани Атлетико ја победи Барселона со 1:0 на домашен терен и ја прекина незгодната серија без триумф на пет меча по ред на „Ванда Метрополитано“ кога Каталонците им биле гости.

Потоа ремито без голови на „Камп Ноу“ на три кола пред крај им даде дополнителен полет на мадриѓаните кон титулата во Ла Лига, што ја освоија во трката со Реал Мадрид, Барселона и Севилја.

Сега ситуацијата повторно е поповолна за Јорганџиите, кои се фаворити против Барселона без Лионел Меси. Луис Суарес и Антоан Гризман ќе имаат посебни мотиви за победа, откако и буквално без избркани од Барселона. Патем со заминувањето и на Меси се отвори и пандорината кутија кај Барса.

Финансиските проблеми им се огромни, Роналд Куман е пред отказ, а неверојатен е податокот дека од вкупно 96 клуба што играат во трите европски купови само Басрелона во првите две кола нема директен удар кон голот на ривалите. Тоа е светско чудо, што само покажува дека има многу проблеми кај шпанскиот гигант.

Денеска нема да игра и Педри, кој го откажа настапот за шпанската репрезентација поради повреда, па се наѕира нов неуспех на Барселона.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

 

- Оглас -

Најнови вести