Грилиш е во форма, иако има девојка, „напаѓа“ убавици

Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер сити, Џек Грилиш, се најде во центарот на вниманието поради неговите „игри“ надвор од теренот.

Офанзивецот кој за 100 милиони фунти летово од Астон вила направи трансфер во Манчестер сити има љубовна афера, откриваат британските медиуми. Грилиш веќе долго време е со својата девојка Саша Атвуд, но во последно време фудбалерот е забележан со две убави девојки.

На две различни места, Грилиш е „уловен“ со две популарни Британки. Најпрво бил со победничката на ријалити шоуто „Love Island“ Амбер Џил, а потоа бил и во друштво на ТВ ѕвездата Емили Атак.

- Оглас -

Најнови вести