Васоски верува во Баерн и Херта, Келн ќе биде ефикасен против Борусија Менхенгладбах

1802 Волфсбург – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Многу повреди му носат и неверојатни проблеми на Марко Розе кај Борусија Дортмунд. Таман го најавија кам-бекот на Халанд, им се повреди Белингем и повторно Милионерите имаат над 10 играчи што не можат да играат фудбал.

Елиминацијата од Лигата на шампионите за нив е болна, но ако има нешто добро, тоа е дека сега можат се да фрлат на една карта и да се тркаат со Баерн за титулата во Германија.

Волфсбург исто така е пред елиминација во Лигата на шампионите, па овој дуел што е и едно од двете дербија на 13. коло во Бундеслигата ќе биде шанса за рехабилитација.

Во Бундеслигата кикс може да се поправи само со офанзивна игра и очекувам возбудлив меч на „Фолксваген“ арена и најмалку 3 гола.

Предлог тип: 3+ (1.77)

 

1612 Херта – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Аугсбург приреди првокласна сензација со победа од 2:1 во баварското дерби со лидерот Баерн, но има катастрофална серија од 12 меча без победа на гости.

Последен пат се радуваа во Мајнц, во февруари годинава и тоа на меч од ланското првенство.

И што е исто така еднакво лошо за Аугсбург е податокот дека никогаш не ја победиле Херта во Берлин на вкупно 10 гостувања.

За се има првпат, но не верувам дека Аугсбург ќе успее денеска да прекине две црни серии и типувам дека Херта ќе победи.

Предлог тип: 1 (2.25) Супер тип на Sport Life

 

1804 Келн – Боусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

Келн е исклучително добар домаќин и само една од трите екипи без пораз на свој терен, заедно токму со денешниот ривал и со Борусија Дортмунд.

Но, Келн има и серија за грижа од пет меча без победа во Бундеслигата, што е знак на криза.

Јарците и Борусија знаат да одиграат ефикасен меч, Келн во февруари во меч од ланското првенство ја победи Борусија во Менхенгладбах со 2:1 и очекувам повторно да постигне најмалку два гола и денеска против истиот ривал.

Предлог тип: Т1 2+ (2.12)

 

1806 Бохум – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Стандардно за нов прволигаш Бохум се обидува да собере што повеќе бодови на домашен терен и засега тоа добро им оди.

Само еднаш загубија на „Воновија“ во Бохум, а имаат убави победи против добри екипи од калибарот на Ајнтрахт, Хофенхајм и Мајнц.

Фрајбург малку подзастана со два порази по ред, но останува меѓу најдобрите екипи по 12 кола во Бундеслигата.

Играат добро и на гости и се на третото место, иста позиција што ја имаат и според вкупниот број на бодови во Бундеслигата.

Очекувам Бохум да се обиде со контранапади да го изненади Фрајбург, на меч на кој типувам дека двете екипи ќе постигнат гол.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

1807 Баерн – Арминија Билефелд (Сабота, 18.30 часот)

Арминија го изненади шампионот со реми 3:3 во Минхен во ланското првенство и успеа да прекине долга серија од 9 порази по ред на гостувањата кај најтрофејниот германски клуб.

Но, сега ситуацијата е малку поинаква и Баерн ќе се обиде да се рехабилитира по сензационалниот пораз од Аугсбург во мината рунда.

Во таква ситуација незгодно е да се биде во улогата на Арминија денеска и очекувам убедлива победа на првакот, иако Баерн има доста отсутни фудбалери и игра во пеколен ритам на три фронта.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.38)

 

 

- Оглас -

Најнови вести