Крвничко тепање на училишен меч (Видео)

По неколкуте тепачки што се случија во НБА лигата, сега од САД стигнува неверојатно видео на тепачка во училишна кошаркарска лига. Тинејџерот Картер Преносил е уапсен поради тепачката која ја предизвика, а повреден беше Тај Дитмер.

Седумнаесетгодишниот насилник е обвинет за казнено дело од Класа Ц, а тоа е „Намерно повредување“. Со кауција, насилникот е пуштен на слобода, но допрва го чека судење.

Целиот инцидент се случи по завршување на средбата на две средни училишта, кога играчите на двата тима се поздравуваат. Напаѓачот Картер во еден момент со бокс го удира Дитмер директно во стомакот, а потоа и во главата.

Нападнатиот кошаркар добил потрес на мозокот и четири конци на расечената уста, но за среќа нема посериозни повреди во овој неверојатен напад.

- Оглас -

Најнови вести