Шкендија Арачиново е нов прволигаш во фудбалското првенство на Македонија. Арачиновци во баражот во Кавадарци го победија Пелистер на пенали после огромна драма, па битолчани се селат во Втора лига.
Во регуларниот дел средбата заврши 1-1, откако Пелистер изедначи со гол во 98-ма минута. Се прејде на шутирање пенали, имаше осум серии, а јунак беше Антонио Столевски кој одбрани три пенали, а му фати пенал и на Ивановски во регуларниот дел од мечот.

