Алиоски: Турците ми се омилена репрезентација, но јас сакам успех со Македонија

Македонската фудбалска експедиција веќе е стационирана во Истанбул, каде ги „впива“ условите за претстојниот голем тест против моќната Турција. По ремито со Босна, атмосферата во таборот е на високо ниво, а пред новинарите излезе миленикот на навивачите, Езѓан Алиоски, кој испрати моќни пораки.


​Алиоски не го криеше задоволството што се враќа на местото каде што остави силна трага, но веднаш ги „спушти топката“ и предупреди дека утре пред полни трибини нè очекува пеколен предизвик.


​Сепак, она што најмногу ја бранува јавноста е неговото преземање на култниот дрес со број 10! Џани искрено призна што му значи оваа одговорност:


​„Многу се гордеам за десетката, таа значи многу во репрезентацијата. Но, не игра бројката, туку играчот на терен! Ова е бројот на нашиот капитен Барди кој премногу ни недостига во тимот.“


​Покрај тоа, бекот ја отвори душата и јавно ја соопшти својата следна голема цел во кариерата, поврзана со националниот дрес, но и откри дека ќе навива за Турција на претстојниот Мундијал!

- Оглас -

Најнови вести