Седлоски: Турција е селекција со одличен квалитет, се надевам дека успешно ќе парираме

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе ги одмери силите со Турција во вториот пријателски натпревар од овој мини циклус.

Селекторот Гоце Седлоски се надева дека нашиот национален тим ќе има добро издание на дуелот во Истанбул.

“Играме со една силна репрезентација како Турција и ќе се обидеме да го дадеме најдоброто. Ние сме во период на транзиција, а во составот имаме неколку нови имиња и од нив имавме три стартери против БиХ. Турција е голем предизвик, имаат одлични индивидуалци, но верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе ја искористат. Ние се подготвуваме максимално за секој нареден натпревар”, изјави селекторот Седлоски.

Тој потенцира дека секогаш инсистира на офанзивна игра, иако тоа зависи и од ривалите.

“Тоа што барам секако е дисциплина на теренот, а не треба да заборавиме дека играме со навистина силни селекции. Сакам да играме офанзивно, не сум тип на тренер кој сака да се брани, но некогаш и противникот се прашува за настаните на теренот.

- Оглас -

Најнови вести