Брера испадна во Втора лига, драма на баражот во Кавадарци

Второлигашот Скопје го победи досегашниот прволигаш Брера во денешниот бараж во Битола, па тимовите ќе си ги сменат улогите, Скопје ќе биде прволигаши следната сезона, а Брера Струмица второлигаши.

Во Битола, екипата од Автокоманда со 1-0 ги испрати струмичани во ранг подолу. Трајчевски во 89-та минута беше јунак на Пиратите кои една минута претходно не реализираа пенал.

Во Кавадарци, Шкендија Арачиново беше на прагот на победа во регуларниот дел, но Петар Петковски во 98-ма минута погоди за 1-1 и таму пеналите ќе одлучуваат кој ќе биде прволигаш. Назифи погоди за арачиновци. Битолчани имаа шанса и многу порано да изедначат, но Мирко Ивановски утна пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести