Васоски го смени концептот, тргна во офанзива кон германска добивка со рекорден коефициент

1802 Фрајбург – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Фрајбург одговори на најдобар можен начин на трите порази по ред и со фантастична победа од 6:0 во Менхенгладбах против Борусија покажа дека кризата кусо траеше.

На домашен терен ретко губат и се тврд орев за сите екипи, а сезонава ги порази само Ајнтрахт од сите шест досегашни гости.

Не паметам во мојата играчка кариера некоја екипа да и дала шест гола за едно полувреме на Борусија на „Борусија Парк“, како што тоа го стори Фрајбург.

И Хофенхајм е во одлична форма со три победи по ред, но очекувам Фрајбург да им ја прекине серијата.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

1804 Херта – Арминија (Сабота, 15.30 часот)

Херта има пет меча без победа во серија и сега е шансата да се прекине очигледната криза со триумф против една од најслабите екипи во Бундеслигата.

Арминија има исклучително лош биланс кога и гостува на Херта и нема победа на „Олимпискиот стадион“ во Берлин на сите досегашни 11 гостувања, без разлика дали се тоа натпревари од Првата, или Втората германска лига.

Арминија го има најслабиот напад во Бундеслигата со само 10 погодоци на 14 меча, па можно е и против Херта да не даде гол.

Според мене ова е чиста „единица“ со одличен коефициент од 2.10.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

1805 Бохум – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30)

Борусија испадна од Лигата на шампионите, но ако нешто е добро во овој момент е што Ерлинг Халанд се врати со голови по повредата.

Неговото отсуство веројатно беше клучно за неуспехот на Милионерите во фазата по групи во Лигата на шампионите, но можеби сега ќе бидат порелаксирани и посветени на натпреварите од Бундеслигата.

Бохум игра одлично на домашен терен и има само еден пораз на шест меча и планот да се собираат бодови на „Воновија“ досега им успева.

Од новите прволигаши сезонава тие прикажаа најдобри партии досега, но тоа нема да биде доволно за подвиг против Борусија, иако гостите имаат многу проблеми со повредени играчи.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

1806 Лајпциг – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

И Лајпциг е дел од големиот германски несупех во Лигата на шампионите со три испаднати екипи по првата фаза и само со Баерн како единствен осминафиналист.

Сега останува битката во Европа Лигата, но и да се поправи пласманот во Бундеслигата, бидејќи 11. место со само 18 бода на 14 натпревари не го отсликува реалниот квалитет на екипата.

Патем, домаќините мора да ја сопрат серијата од три порази по ред во домашното првенство, а им гостува клуб што е во уште поголема криза и со 10 примени голови на последните два меча.

Очекувам Лајпциг да почне победничка серија и тоа со убедлив триумф против Борусија.

Предлог тип:1-1&3+ (3.50)

 

1807 Волфсбург – Штутгарт (Сабота, 18.30 часот)

Волфсбург воопшто не личи на екипата од ланското првенство што успеа да обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Волците играат скромно и завршија на последното место во групата со Лил, Салцбург и Севилја што е неуспех, а не им цветаат рози ниту во домашното првенство.

Веќе и сменија тренер сезонава, па по отказот за Марк Ван Бомел, Флоријан Кохфелд добро тргна, со три победи по ред, но потоа дојде кризата со едно реми и четири порази по ред.

И Штутгарт има скромен старт на сезоната и се наоѓа на место за бараж за опстанок, па овде очекувам тврд меч на две екипи што се во скромна форма.

Предлог тип: 0-2 гола (1.94)

 

1809 Ајнтрахт Франкфурт – Баер Леверкузен (Недела, 17.30 часот)

Во мојата играчка кариера во Ајнтрахт честопати го победувавме Баер во Франкфурт и очекувам дека и сега гостите ќе си заминат со празни раце.

И двете екипи ги освоија првите места во своите групи во Европа Лигата што е знак дека можат да атакуваат и на пехарот.

Во Бундеслигата Баер игра подобро во последно време и постигнува многу голови, но очекувам Ајнтрахт, кој има добра екипа да ги сопре фармацевтите и со победа да тргне кон горниот дел на табелата во битка за позициите што водат во еврокуповите.

Предлог тип:1 (3.15)

 

- Оглас -

Најнови вести