Васоски чека четири сигурни и едно изненадување во Бохум

1803 Ајнтрахт – Мајнц (Сабота, 15.30)

Ова е регионално дерби и двете екипи си имаат солиден ривалитет. Во мојата играчка ера во Ајнтрахт на 8 меча загубивме само еднаш од Мајнц и тоа во последната сезона, во 2011 година.

Најмногу го паметам првиот меч против Мајнц, кога Николче Новески си постигна два автогола, но и ни даде еден гол, па мечот заврши 2:2.

Сега очекувам триумф на мојот поранешен тим и тука не типувам навивачки, туку навистина мислам дека Ајнтрахт има поквалитетен тим од Мајнц и моментно е во подобра форма.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

1804 Лајпциг – Арминија (Сабота, 15.30)

Според сите сегменти на фудбалската игра Лајпциг е фаворит и треба да победи и очекувам таков исход на „Ред Бул“ арена.

Домашниот тим е поквалитетен, иако не може да биде задоволен од досегашните резултати пред стартот на последното есенско коло во Бундеслигата.

Лани Лајпциг беше вицешампион на Германија, а сега на скоро половина сезона се на средината на табелата, на деветтото место.

Биковите немаат ниту еден пораз од Арминија во досегашните четири меѓусебни дуели и сега им е шанса со победа да најават продор кон повисоките позиции што водат во еврокуповите. Домаќините ќе победат и очекувам да има најмалку три гола на мечот.

Предлог тип: 1&3+ (1.64)

 

1805 Хофенхајм – Борусија М (Сабота, 15.30)

Хофенхајм со 34 гола е четвртата најефикасна екипа во Бундеслигата, а Борусија Менхенгладбах прими дури 31 погодок и ја има втората најслаба одбрана зад Херта.

Гостите примија дури 17 гола на последните четири меча на кои беа и поразени, па веројатно едвај чекаат да има пауза во првенството.

Хофенхајм е во топ-форма со пет меча без пораз и игра атрактивно. Во таа серија од пет меча имаше вкупно дури 23 гола, што е најава за нов спектакл и меч против Борусија со многу погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.51)

 

1806 Бохум – Унион Берлин (Сабота, 15.30)

Германците се неуморни и по таа карактеристика се познати во светот на фудбалот, но навистина мислам дека Унион Берлин игра премногу натпревари во оваа сезона и ритамот среда-сабота/недела ќе си го земе данокот.

Унион има добар тим, но играше и во Европа Лигата, па мислам дека немаат толку широк ростер и дека Бохум може да искористи и да победи.

Проблем за домаќините е што имаат 7-8 отсутни играчи, но одиграа солидни 16 кола во Бундеслигата и очекувам на пауза во првенството да заминат со победа против Унион Берлин.

Предлог тип: 1 (2.90)

 

1607 Херта – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30)

Како што изгледа по првата полуетапа само Борусија Дортмунд може да се трка со Баерн за титулата.

Баварците се фаворити, ќе имаат најмалку шест бода предност, а услов за тоа е Борусија денеска да победи во Берлин.

Херта им лежи на Милионерите и фаворитот нема пораз на 8 меѓусебни дуели по ред. Очекувам таа серија да продолжи со триумф на Борусија денеска на „Олимпскиот“стадион, иако гостите имаат многу проблеми со повреди и долга листа со отсутни играчи.

Предлог тип: 2 (1.74) Супер тип на Sport Life

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести