Навивач уапсен откако го оставил детето за да оди да ја слави победата над Манчестер јунајтед

Еден навивач на Мидлсбро е уапсен откако го оставил своето 11-годишно дете во хотел во Манчестер, додека тој заминал да ја слави победата на својот тим против Црвените ѓаволи на „Олд Трафорд“.

Полицијата го пронашла детето и биле со него, додека недопатува неговата мајка и тоа од североистокот на земјата. Против таткото била поднесена пријава на таткото поради занемарување на своето дете.

„Навивач на Мидлсбро беше уапсен поради занемарување на своето 11-годишно дете во хотелот по мечот, а тој заминал во градот за да ја прослави победата над Манчестер јунајтед. Го чувавме детето додека не дојде неговата мајка да го собере“, стои во извештајот на полицијата.

Мидлсбо направи големо изненадување откако го победи Манчестер јунајтед на пенали и тоа на „Олд Трафорд“, а со тоа тимот од Чемпионшип се пласираше во осминафиналето на ФА Купот.

- Оглас -

Најнови вести