Драма над драмите: Губеа со 2:5, а на крајот се радуваа на победа

Врексам и Довер се два клуба кои играат во петата лига во Англија, а денеска го одиграа можеби највозбудливиот меч сезонава во Европа. Во 37. коло на Националната лига, Врексам победи со 6:5, во меч кој имаше неверојатен тек.

Врексам кој беше домаќин, одлично го отвори мечот и по само 20 минути имаше предност од 2:0. Се чинеше дека тимот кој се боди за влез во повисок ранг лесно ќе победи, но Довер кој е во долниот дел од табелата не се предаде.

Веќе во 28 минута беше 2:2, резултат кој беше на полувреме. Во второто полувреме гостите дадоа уште три гола и неочекувано водеа со 5:2. Врексам сепак не се предаде и следуваше неверојатен пресврт. Со голови во 63 и 69 минута домаќините намалија на 4:5, а во 91 минута погодија за 5:5.

Тоа не беше крај, затоа што судијата одлучи да се игра плус осум минути продолжување, кога Врексам даде и шести погодок и на крајот домаќинот славеше со 6:5.

- Оглас -

Најнови вести