Флорентино Перес сака турски тандем во тимот на Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, има јасен план во иднина во тимот да играат двајца турски репрезентативци, открива „Газета дело спорт“.

Голема желба на првиот човек на Кралскиот клуб е Кенан Јилдиз, младата ѕвезда на Јувентус.

Перес е голем обожавател на Арда Ѓулер и го смета за еден од клучните играчи во иднината на Реал Мадрид, па сака покрај него да го доведе и неговиот соиграч од турската репрезентација.

Моменталната вредност на Јилдиз се проценува на околу 75 милиони евра, но јасно е дека Старата дама нема лесно да се откаже од својот бисер и веројатно ќе бара најмалку 100 милиони евра за негов трансфер.

Кенан Јилдиз пристигна во Јувентус како слободен играч од Баерн Минхен, а оваа сезона одигра 45 натпревари, на кои постигна 11 гола и запиша 10 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести