Иднината на дефанзивецот Алфонсо Дејвис во Баерн е неизвесна. Канадскиот репрезентативец постојано е следен од повреди во последните 12 месеци и тоа стана тема на сериозна дискусија во клубот.
Раководството на клубот со голема загриженост гледа на ситуацијата со левиот бек уште пред неговата последна повреда, која ја заработи против ПСЖ во средата. Некои од челниците веќе го сметаат 25-годишниот фудбалер за премногу скап. Тој заработува 15 милиони евра годишно, а неговата плата може да се зголеми за уште 5 милиони евра во зависност од бонусите во договорот.
Алфонсо Дејвис го продолжи договорот со Баерн на почетокот на 2025 година, а речиси веднаш потоа доживеа кинење на лигаменти во коленото. По враќањето на теренот, постојано има проблеми со мускулни повреди.
Баварците веќе не го гледаат Алфонсо Дејвис како „недопирлив“ играч. Сепак, високата плата и честите повреди може да одбијат потенцијални купувачи.
Во Баерн веќе се разгледуваат опции на трансфер пазарот за нови бекови.
Оваа сезона Алфонсо Дејвис одигра само 23 натпревари во сите натпреварувања, во кои запиша еден гол и пет асистенции.

