Синот на Дејвид Бекам потпиша за премиерлигаш

Синот на поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Дејвид Бекам, Ромео (20), потпиша за премиерлигашот Брентфорд.

Ромео Бекам изминативе неколку месеци тренираше со младиот тим на Бретфорд со цел да ја одржува формата откако заврши сезоната во МЛС лигата, каде настапуваше за клубот на неговиот татко, Интер Мајами.

Сега Ромео одлучи кариерата да ја гради подалеку од неговиот славен татко.

“Многу сум горд и многу сум среќен што дојдов тука. Пристигнав порано за да бидам подготвен. Во меѓувреме добив можност да дојдам тука во Брентфорд на позајмица и никогаш не сум бил толку возбуден. Имав интересна и возбудлива сезона во САД, полна со подеми и падови, но сега сум возбуден што сум во Брентфорд и ќе видам што можам да направам“, рече Ромео кој за почеток ќе биде дел од Б тимот на Брентфорд.

Интересно е што Дејвид е легенда на Јунајтед, а Ромео беше дел од академијата на Арсенал, големиот конкурент на Црвените ѓаволи, а игра на истата позиција како и неоговиот татко.

- Оглас -

Најнови вести