Луис Енрике не може без него, само еден играч на ПСЖ ги одигра сите минути во ЛШ

Еквадорецот Вилијан Пачо е јунакот од сенка на европскиот првак ПСЖ. Централниот дефанзивец на парижаните, одигра сите 17 натпревари и за разлика од сите други, ниеднаш не беше заменет и испратен на клупа.

Благодарение на ова, Пачо помина дури 1.650 минути на теренот. Еквадорскиот репрезентативец постигна два гола и направи една асистенција на 17-те натпревари во ЛШ. Воинот на Луис Енрике во минатата сезона кога ПСЖ првпат ја освои ЛШ, имаше одиграно 1.542 од можните 1.560 минути, што е за почит и восхит. 

- Оглас -

Најнови вести