Јамал не го доби дресот со бројот 10 во шпанската репрезентација

Шпанската репрезентација ги објави броевите на дресовите што ќе ги носат нејзините 26 играчи на Светското првенство. Една од дилемите беше кој ќе го носи бројот 10, кој што на претходното СП во Катар го носеше Марко Асенсио. Десетката на СП 2026 ќе ја носи Дани Олмо. 

Првата ѕвезда Ламин Јамал, ќе игра со бројот 19. Во клубот Барселона, Јамал го носи бројот 10 на грбот, но 19-ката му е посебна, со тој број дебитираше за селекцијата на Шпанија во септември 2023 година, а истиот број го носеше и на Европското првенство 2024, кое го освои. 

Бројот 9 го доби Гави, а бројот 2 е за дебитантот Марк Пубил.

- Оглас -

Најнови вести