Дуро: „На реваншот треба да го потврдиме пласманот во следната рунда“

Тренерот на Струга Трим Лум, Шпетим Дуро, изрази големо задоволство од играта и од резултатот откако неговата екипа го совлада Свифт Есперанж во Скопје со 3-1 со хет-трикот на Бесарт Ибраими.

„Заслужено победивме. Резултатот е реален. Во првото полувреме бевме многу подобри. Вториот дел не почна како што посакувавме, но како што одминуваше времето, играчите се подобрија и мислам дека стигнавме до заслужена победа. Одигравме добро, меѓутоа ништо не е готово. Работата мора да ја завршиме на реваншот во Луксембург”, рече тренерот на Струга по победата над Свифт Есперанж.

Реваншот помеѓу Струга и Есперанж ќе се одигра следниот четврток во Луксембург.

- Оглас -

Најнови вести