Македонскиот претставник ГРК Охрид ќе игра во финалето на Европскиот куп на ЕХФ против унгарскиот тим Татабања, откако по неверојатна драма и изведување седмерци, славеше против словенечкиот Целје. Во регуларниот дел, Охрид победи со 25-24 и практично ја анулира негативата од првиот дуел во Словенија.
Двомечот се решаваше со изведување на удари од седум метри.
Јасухира беше прецизен на стартот, Пилиповиќ го одбрани седмерецот на Анжич, а потоа Ојлески зголеми на 2-0. Следеше одговор од Целје, но погоди и Ален Ќосески.
Но, и охриѓани не реализираа седмерец, а Ракита израмни на 3-3. Ѓукиќ погоди за 4-3, а Макуц промаши, по што ГРК Охрид успеа да обезбеди пласман во финалето на Европскиот куп на ЕХФ.
Голманот Пилиповиќ имаше 12 интервенции, а Јасухира беше стрелец на осум погодоци за ГРК Охрид.

