Екипата на Милан до крајот на сезоната ќе биде без Лука Модриќ кој се повреди, па без искусниот Хрват ќе треба да ја комплетираат мисијата да обезбедат место во Лига на шампиони за следна сезона. Росонерите моментално се на третото место на табелата со 67 бодови, шест повеќе од Комо и Рома кои се на петото и шестото место.
„Многу ни е жал за оваа сериозна повреда на Модриќ, која мислам дека ќе го остави надвор од теренот до крајот на сезоната, иако сака да се врати порано. Се надевам дека неговата волја ги заразила и другите. Кој ќе го замени Модриќ? Еден од Јашари или Ричи. Јашари по враќањето од повредата покажа дека влезе во многу добра форма и сигурно дека тој е иднината на Милан. Многу важна инвестиција за клубот е тој“, рече Алегри во пресрет на утрешното гостување на Милан кај Сасуоло.
До крајот на првенството има уште четири кола.
„Фокусирани сме на мечевите кои остануваат во првенството, а главна цел е да се вратиме во Лига на шампиони. Во добра позиција сме, но тоа не значи дека ќе биде лесно до крајот. Ако киксирате на еден меч, останатите екипи притискаат и може да се најдеме под притисок. Засеба работите одат како што посакуваме и мора да продолжиме да работиме во ист ритам. Мора да ја оствариме целта, а потоа се менува и стратегијата за трансфер пазарот за 100 милиони евра. Ќе процениме кои се играчите кои ни се потребни да ги доведеме во составот“, заврши Алегри.

