Пет меча од Лигата на шампионите кои ако ги одиграте заедно, носат одлична квота

Лигата на шампионите ќе доминира вечерва, па затоа и петте дуели од Квотте на денот се дел од елитната лига на УЕФА. Ако сите пет предлози на Sport Life ги одиграте на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 58.71.

Голови на двете страни треба да има на дербито на „Сан Сиро“ меѓу Милан и Борусија Дортмунд. За играта ГГ прво/второ квотата е одлична и изнесува 2.25.

Барселона треба на теренот да ја покаже фаворитската улога против Порто. Тука се очекува домаќинот да постигне барем еден гол во првиот дел, а најмалку два гола на крајот за да биде добитен коефициентот од 2.10.

Манчестер сити ќе покаже доминација во дуелот со Лајпциг и уште во првото полувреме треба да покаже дека е подобар тим. За играта 1-1&3+ квотата е 2.35.

Пари Сен Жермен и Њукасл се екипи кои негуваат офанзинва игра, па затоа играта двата тима да постигнат барем по еден погодок и да има по еден гол во двете полувремиња е примамлива со коефициент 2.25.

Црвена ѕвезда ќе се обиде да остане непоразена на гостувањето во Швајцарија против Јанг бојс во меч на којшто треба да има од 2-6 погодоци. Коефициентот за оваа комбинација е 2.35.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести