Само што се врати од суспензијата, заработи повреда по која сезоната му заврши

Еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, Џа Морант веќе нема да се појави на паркетот сезонава, потврдија од неговиот клуб Мемфис гризлис. Морант има повреда на рамото и мора да оди на операција, а потоа следува подолг процес на рехабилитација.

За време на еден тренинг Морант почувствувал болка во рамото, а ренгенската снимка потврдила дека се работи за посериозна повреда. Оваа сезона дефинитивно е за заборав за Морант, затоа што тој веќе имаше пропуштено 25 меча и тоа поради суспензија, откако се фалеше со покажување на огнено оружје на социјалните мрежи.

Сезонава Морант одигра само девет меча во кои имаше одличен просек од 25 поени и осум асистенции за 35 минути поминати на теренот. За жал на Мемфис, до крајот на сезоната тимот ќе мора да игра без својата прва ѕвезда.

Со Морант на теренот, Мемфис сезонава имаше биланс од шест победи и три порази, а без него, тимот е со биланс од само седум триумфи и дури 20 порази, што доволно кажува какво е неговото влијание на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести