Франција беше подобра од Северна Ирска со 3-1 во последниот контролен натпревар на Триколорите пред патувањето во Америка каде ќе бидат во редот на кандидати за светската титула.

Сите три гола вечерва беа дело на крилото Мајкл Олисе. Ѕвездата на Баерн блесна, па немаше потреба со голови да се истакнуваат Мбапе, Дембеле, Дуе, Баркола, Шерки, Матета, Турам, што покажува каков моќен напад има Франција.
За Олисе тоа е прв хет-трик во кариерата, сега има 7 гола на 17 настапи во дресот на националниот тим.

