Холандија го победи Узбекистан со 2-1 во пријателски меч во Њујорк, а сите три гола беа постигнати од пенал од кои два во судиското продолжение.
Средбата се одигра без публика и на еден стадион за атлетика, што предизвика негодување кај фановите на Лалињата.
Узбекистан покажа дека не случајно ќе игра на Светско првенство. Беа на прагот на реми кога во 92-ра минута изедначија на 1-1, но пет минути подоцна Холандија сепак дојде до победа, со уште еден пенал на Гакпо.

