Само кошарката може да донесе ваква завршница (Видео)

Освен фудбалските неверојатни завршници во кои се случуваат големи пресврти во последните секунди од мечевите, шок дуел се случи и во кошаркарското првенство на Франција. Екипата на Роан гостуваше кај Блоис и на крајот победи со 80:77, во дуел кој имаше драматичен финиш.

Гостите водеа со 77:74 на неколку секунди до крајот, кога домаќините беа во напад и постигнаа тројка за израмнување на резултатот. Останаа само 2,4 секунди до крајот и речиси сите беа подготвени за дополнителни пет минути, но така не мислеше Џордан Такер.

Тој ја доби топката, направи два-три чекори и од огроман далечина успеа да погоди тројка „без коски“ и да донесе победа на гостинскиот тим.

https://twitter.com/i/status/1753862987377467609

- Оглас -

Најнови вести