Моќно испраќање во фудбалска пензија на легендата која стана светски првак со Германија (Видео)

Поранешниот германски репрезентативец со полски корени, Лукас Подолски од синоќа и официјално е во фудбалска пензија. На Подолски му беше приредено спектакуларно испраќање и тоа на дуел на кој присуствуваа 50.000 гледачи во Келн.

На овој меч за испраќање во фудбалска пензија на Подолски учествуваа голем број на ѕвезди како што се Мануел Нојер, Матс Хумелс, Пер Мертесакер, Ханси Флик, Јоаким Лев…

Кариерата на Подолски започна токму во тимот на Келн и тоа пред повеќе од 20 години. Потоа, во 2006 година направи трансфер во Баерн Минхен, за да потоа повторно се врати во Келн. Има играно и за Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Кобе, Анталијаспор, а кариерата ја заврши како играч на Горник Забрзе.

Подолски е и еден од најистакнатите во германската репрезентација, одигрувајќи 130 мечеви во кои постигнал 49 голови. Беше дел од златната репрезентација на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

„Секогаш сум сакал да бидам искрен, дечко од улица. Без навивачи, фудбалот е ништо“, беше пораката од Подолски, кој во кариерата одигра точно 800 натпревари на клупско и репрезентативно ниво, а постигна 273 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести