Гвардиола го спореди ВАР-системот со едноставно фрлање паричка

Во пресрет на клучните мечеви во англиската Премиер лига, кога треба да се реши и прашањето на шампионот, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, имаше забелешки на ВАР-системот. Шпанскиот стратег го спореди системот за видеопомошник судија (ВАР) со едноставно фрлање паричка и рече дека неговите фудбалери на наредните мечеви ќе мора да играат доволно добро за да избегнат какво било влијание од овие одлуки.

ВАР-системот предизвика многу реакции откако во минатото коло беше поништен голот на Вест хем против лидерот во Премиер лигата, Арсенал. Тоа беше погодок во 90+4 минута за 1:1, што значеше дека на Арсенал ќе му се „откинат“ два бода во трката за титулата. Судијата првично покажа дека голот е регуларен, но по реакција од ВАР-собата, беше прегледана снимката и беше утврдено дека имало фаул врз голманот на Арсенал.

По оваа ВАР-одлука, Арсенал победи со 1:0 и го задржа лидерското место на табелата, додека Вест хем остана без многу важен бод во борбата да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

„Единственото нешто што можеме да го направиме е да играме подобро. Тоа е единственото нешто што е под наша контрола“, рече Гвардиола во пресрет на денешниот меч на свој терен против Кристал палас.

- Оглас -

Најнови вести