Атлетико има цврсти адути за „цементарците“ од Чиле

Колон (Аргентина) – Ривер плејт (Уругвај) 00.15 часот

Двете екипи имаа одлични двомечи на стартот од Копа Судамерикана, а голем подвиг приреди составот од Уругвај со елиминација на бразилскиот гигант Сантош.

Колон лесно и убедливо без примен гол беше подобар од перуанскиот клуб Депортиво Мунисипал и со вкупен резултат од 5:0 се пласираше во 1/16-финалето на вториот по ранг клупски куп во Јужна Америка.

Аргентинците се фаворити, иако лошо го одиграа првиот дел од домашното првенство. Имаат подобар тим од Ривер плејт, не примија гол и минаа без пораз на првиот меч и сега пред своја публика имаат шанса да се пласираат во осминафиналето.

Им доаѓа екипа што има шест порази на последните 7 гостувања, а Ривер и тешко постигнува голови во последно време кога е гостин, пе ќе типуваме на победа на Колон.

Предлог тип: 1 (1.48)

 

Индепендиенте (Аргентина) – Рионегро Агилас (Колумбија) 00.15 часот

Колумбијците приредија изненадување со победа на првиот меч од 3:2, па сега ќе се обидат да најдат рецепт да се одбранат и да ја комплетираат сензацијата против победникот на Судамерикана пред две години.

Индепендиенте преклани ја освои титулата во ова натпреварување, има многу поголемо реноме од Рионегро Агилас и се освен победа и пласман понатаму ќе биде катастрофа за нив.

Можно е доколку не успеат да дојде до смена на Ариел Холан, па на некој начин играчите на Индепендиенте ќе играат под притисок и за опстанок на својот тренер во клубот.

Индепендиенте има квалитетни и искусни играчи, во средниот ред командува триото Перес-Ернандес-Силва, сите поранешни играчи во шпанската Ла Лига.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.70)

 

Мелгар (Перу) – Универзидад Католика (Еквадор) 00.15 часот

Ова ќе биде ревијален меч, а Еквадорците сигурно маршираат кон осминафиналето во Копа Судамерикана. Првиот меч на домашен терен го одбија со високи 6:0, па реваншот ќе биде формалност.

Мелгар игра скромно и на домашна сцена и во првенството на Перу се наоѓа во долниот дел на табелата, на 12. место. Домаќините ќе се обидат со победа барем малку да се рехабилитираат за катастрофата што ја доживеаа во Кито, но и ќе треба да внимаваат на контрите на опасните гости од Еквадор.

Католика игра во топ-форма, во претходното коло во Копа Судамерикана го исфрли од игра фаворитот Коло Коло од Чиле, а и сега има сигурен пласман понатаму, па може да одигра порелаксирано.

Предлог тип: ГГ (1.70)

 

Атлетико МГ (Бразил) – Унион Ла Калјера (Чиле) 02.30 часот

Атлетико играше со комбиниран состав во Чиле и Бразилците можат да бидат среќни со минималниот пораз од 0:1 од првиот меч на кој играчите на Унион апсолутно доминираа и промашија неколку зицери за повисока предност.

За реваншот ќе има малку поинаква ситуација, а Бразилците одлучија да не си играат со судбината, па ќе играат со најсилен состав.

Атлетико е поранешен шампион во Копа Судамерикана, двапати беа и прваци на Јужна Америка по стариот формат, па нема да си играат со реномето.

Унион Ла Калјера, или познатите „цементарци“ од Чиле веќе исфрлија бразилски клуб, откако беа подобри од Чапекоенсе на гол-разлика, па ќе се обидат да бидат еден од ретките клубови што успеал да елиминира два бразилски клуба едноподруго во Копа Судамерикана.

Сепак предводени од ветеранот Рикардо Оливеира, кој играше за Милан, Бетис, Сарагоса и Валенсија домаќините се фаворити за пласман понатаму.

Предлог тип: 1&Т1 (1.80)

 

Ол Бојс – Акасусо (Аргентина, 02.05 часот)

Почнува двомеч полуфиналето за пласман во аргентинската Прва лига, а осмопласираниот Ол Бојс ќе се обиде да го изненади подоброрабгираниот состав на Акасусо, кој ја за врши Втората лига на петтата позиција.

Ол Бојс е клуб што е познат по Карлос Тевес, еден од најдобрите напаѓачи на планетата ја почна кариерата во овој клуб, а за „момците“ од Флореста во Буенос Аирес играше и Ариел Ортега.

Немаат некакви позначајни резултати, исто како и Акасусо, иако двете екипи се натпреваруваат долго, Ол Бојс цели 106 години, а Акасусо постои 96 години.

Двомечот е многу значаен за двете екипи, а конечниот победник ќе игра финале за промоција во првата аргентиснка лига.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.61) 

 

- Оглас -

Најнови вести