Ноќната НБА понуда нуди 8 натпревари, кои се на програмата од 20:30 часот па се до 02:30 часот после полноќ. Милвоки Бакс и ЛА Лејкерс се големи фаворити против Торонто Репторс, односно Орландо Меџик. Коефициентот на Милвоки е 1,34, додека за победа на ЛА Лејкерс е нешто повисок, односно 1,46.
Токму за дуелот во „Стејплс центарот“, домаќините веруваат дека ќе ја продолжат убавата традиција која вели дека шест пати во низа ги победувале Магичните.
Од гостинските екипи, најголеми шанси за победа има Атланта која гостува кај убедливо најслабиот тим во Западната конференција, Сан Антонио (18 победи во 70 средби).
Понудата е навистина богата, кога станува збор за кошаркарите. Во SportLife може да се обложувате колку поени ќе постигнат на дури 58 кошаркари.
Дел од понудата се и најголемите НБА ѕвезди, кои се можност да се оствари навистина голема добивка.
Најголеми граници имаат кошаркарот на Феникс Санс, Девин Букер и ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо – по 31,5.