Ришарлисон беше човекот на одлука на одличниот меч што го одиграа Евретон и Вулверхемптон и кој заврши со победа на популарните „карамели“ со 3:2.
Бразилецот постигна два гола, еден даде Ивоби, прв за него во дресот на Евертон, па на радост на домашната публика на „Гудисон парк“, домашната екипа ги освои бодовите.
https://www.youtube.com/watch?v=coxUhQAc8dM
По 4 кола, Евертон стаса до петтата позиција со 7 бода, а Волците се уште немаат победа и по трите стартни ремија го претрпеа првиот пораз. Денеска Саис и Хименес ја погодија мрежата на Пикфорд, но и двата погодоци не беа доволни барем за реми.