Селекторот на Шпанија е подготвен да му го отстапи местото на Луис Енрике

Новиот селектор на Шпанија, Роберто Морено, изјави дека е подготвен веднаш да му го отстапи своето место на Луис Енрике, кој во јуни реши да се повлече од селекторската функција.

Некогашниот тренер на Барселона го напушти селекторското место за да биде блиску до својата ќерка Хана, која беше болна од рак на коските. За жал, 9-годишната Хана пред неколку дена почина.

„Ако еден ден Луис посака да се врати на селекторското место, јас веднаш ќе си заминам. Изминативе денови беа многу тешки. Ние ќе се обидеме да донесема малку радост во овие моменти. Единственото нешто кое можеме да го направиме е да победиме“, рече селекторот Морено.

Во овој септемвриски циклус на квалификации, Шпанија најпрво гостува кај Романија, а потоа игра на домашен терен против Фарски Острови.

 

- Оглас -

Најнови вести