Барселона е без Лионел Меси и Луис Суарес во нападот, но тоа не е проблем за навивачите на „Камп Ноу“ да уживаат во вистинско шоу во почетните минути на дуелот против Валенсија. Шпанскиот првак за само шест и пол минути поведе со 2:0, а во центарот на вниманието е тинејџерот Ансу Фати.
Тинејџерот кој има 16 години реди рекорди. Откако во минатото коло стана најмладиот стрелец во историјата на Барселона, вечерва стана најмладиот играч во шпанскто првенство во 21 век, кој на еден меч дал гол, а имал и асистенција. За тоа да го направи, на Фати му требаа нецели седум минути.
Дијамантот на Барселона погоди по само 90 секунди, кога Фати погоди по асистенција на Френки де Јонг. Потоа овие двајца играчи ги сменија улогите. Фати асистираше, а Де Јонг погоди за 2:0. Фати има 16 години и 316 денови.
Валенсија не се предаде и во 29 минута со голот на Гамеиро намали на 2:1.