Конор Мекгрегор се враќа на рингот на 14 декември?  

Легендарниот ирски борец Конор Мекгрегор на својот профил на „Твитер“ напиша: „Даблин, 14 декември“. Оваа порака израдува многумина негови фанови низ светот бидејќи објавата ја толкуваат како најава за негов камбек во октагонот.

На 15 декември има ММА-турнир од УФЦ 245, но тој е закажан во Лас Вегас, во САД. Последната борба на Конор беше во септемврич минатата година, кога во рамките на УФЦ 229, загуби од Хабиб Нурмагомедов.

- Оглас -

Најнови вести