Валенсија вечерва гостува кај Челзи во првото коло од Лигата на шампионите. Во таборот на гостите не владее позитивна атмосфера, а тоа се виде и на официјалната прес-конференција на Валенсија. Играчите одбија да бидат дел од прес-конференцијата на која се појави само новиот тренер Алберт Селадес.
Фудбалерите на Валенсија му се лути на сопственикот на Валенсија поради ненадејната смена на тренерот Марселино. Токму со Марселино, Валенсија минатата сезона ја освои титулата во Купот на Шпанија, но и покрај тој успех, на почетокот на новата сезона стратегот беше сменет.
Овој потег на сопственикот ги налути фудбалерите, кои едноставно решија да протестираат со тоа што воопшто не сакаа да се појават на средбата со новинарите пред мечот со Челзи. И покрај недоразбирањата, новиот тренер Селадес даде оптимистички изјави.
„Ситуацијата не е идеална, но тоа е одлука на играчите. Немам што многу да кажам околу тоа. Ништо не можам да направам во врска со нивната одлука. Секојдневно разговарам со играчите. Тие ја донесоа одлуката. Секогаш постои дијалог. Реакцијата која ја добив беше многу добра и сигурен сум дека и понатаму ќе се подобрува“, рече Селадес.
Во првиот меч под водство на Селадес, Валенсија загуби со 5:2 од Барселона.